Северна Кореја потврди дека ја уништила канцеларијата за врски со Јужна Кореја

Од:

Северна Кореја потврди дека ја уништила канцеларијата за врски меѓу двете Кореи во пограничниот град Кесонг.

Официјалната севернокорејска новинска агенција КЦНА јави дека уништувањето на канцеларијата е одговор, како што е наведено, на „олошот“ кој треба „скапо да плати за своите злосторства“, што очигледно се однесува на активисти кои од Јужна Кореја испраќаат пропагандни летоци во Северна Кореја.

КЦНА не објасни детално како е уништена канцеларијата, но информира дека канцеларијата е „трагично уништена во голема експлозија“.

Експлозијата се случи три дена откако сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, Ким Јо Џонг предупреди дека Северна Кореја ќе ја урне „бескорисната“ канцеларија за комуникации.

Претходно, Пјонгјанг ја прекина целата комуникација со Сеул, вклучувајќи ја и „жешката линија за комуникација меѓу лидерите на двете нации“, како и воените комуникациски канали.

Северна Кореја претходно предупреди дека е подготвена да испрати армија во демилитаризираната зона што ги раздвојува двете Кореи.

Индустрискиот комплекс Кесонг е посебна економска зона на границата меѓу Северна и Јужна Кореја, со која заеднички управуваат Пјонгјанг и Сеул.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ