Северна Кореја соопшти дека нема да учествува на денешниот состанок на Советот за безбедност на кој првпат ќе се разгледува ситуацијата со човековите права во земјата.
– Ако СБ преземе каква било акција можеби ќе преземеме неопходни мерки, истакна севернокорејскиот дипломат Ким Сонг во петокот, не наведувајќи повеќе детали.
Пјонгјанг веќе упати остро предупредување минатиот месец, заканувајќи се дека ќе продолжи со нуклеарните тестови откако Комитетот за чпвекови права на Генералното собрание на Обединетите нации гласаше прашањето за ччовековите права во Северна Кореја да се упати до СБ.
Нуклеарната програма на Северна Кореја со години е на дневен ред на СБ, но денеска ќе се расправа за извештајот во кој се наведува дека во земјата има 120.000 затвореници кои се подложени на тортура. Пјонгјанг ги отфрли заклучоците од извештајот и никогаш не дозволи истрага.
Последните неколку денови вниманието е насочено кон Северна Кореја откако администрацијата на американскиот претседател Барак Обама во петокот го обвини Пјонгјанг за кибер напад врз „Сони пикчарс“ поради филмот „Интервју“, чија тема е измислена завера на ЦИА за убиство на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун.
Пјонгјанг ги овини САД и сојузниците дека го користат прашањето за човековите права како оружје за соборивање на власта во Северна Кореја.