Северна Кореја лансирала две балистички ракети со краток дострел

Од:

Северна Кореја од нејзиниот источен брег истрела две балистички ракети со краток дострел, соопштија денеска јужнокорејски воени претставници.

Британските медиуми пренесуваат дека ракетите се истрелани од областа Тонгчеон, во провинцијата Гангвон, на источниот брег на Северна Кореја, само четири дена откако Пјонгјанг и Сеул разменија предупредувачки истрели од западниот брег поради зголемените тензии.

„Нашата армија е во целосна готовност“, се наведува во соопштението на јужнокорејската армија. Во него се додава дека е интензивирана и соработката со САД на полето на безбедноста.

Пјонгјанг претходно изјави дека неодамнешните лансирања ракети се протест против заедничките вежби на САД и Јужна Кореја, за кои вели дека се проба за инвазија.

Сеул и Вашингтон ги негираа тврдењата на Северна Кореја, додавајќи дека вежбите се одбранбени и потребни за да се спротивстават на заканите од Северот.

Од почетокот на годината Северна Кореја истрела повеќе од дваесет балистички ракети, вклучувајќи ја и онаа што ја прелета Јапонија, потсетуваат британските медиуми.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

За пет дена ќе биде лансирана нова ракета на Blue Origin

(ВИДЕО) Украинците со моќна американска ракета убиле 116 Руси далеку од фронтот

А1он

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

SpaceX на Маск ја лансираше најмоќната ракета на светот, таа беше изгубена пред крајот на летот

Горан Наумовски

Ракета „Тридент“ била погрешно испукана и паднала во океанот во близина на брегот на Флорида