Северна Кореја денеска соопшти дека се обврзува дека ќе ги погуби поранешната претседателка на Јужна Кореја Парк Гуен-хе и шефот на јужнокорејската разузнавачка служба од времето на нејзината власт – Ли Бјоунг Хоа, обвинувајќи ги дека планирале да го убијат севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.
Во информацијата на официјалната севернокорејска агенција КЦНА се наведува дека од овој момент, овие две лица, ќе ги снајде „бедна кучепка смрт, во кое било време, на кое било место, со кои било методи“.
КЦНА наведува дека Северна Кореја бара од Јужна Кореја да ги предаде Парк и Ли.