ОН: Северна Кореја ја крши Резолуцијата, не ги запре програмите

Од:

Северна Кореја не ја запре својата нуклеарна и ракетна програма, што е кршење на резолуциите на Обединетите нации, се наведува во извештај на ОН, пренесува Хина.

Извештајот се изработува на секои шест месеци, а врз основа на проценката на независните набљудувачи на ОН кои го следат спроведувањето на резолуциите на ОН.

„Северна Кореја не ги прекина своите нуклеарни и ракетни програми и продолжува да пркоси на резолуциите на Советот за безбедност на ОН преку масовно зголемување на нелегалните трансфери од еден брод на друг на нафтени деривати, како и преку пренесување на јаглен во море во текот на 2018 година”, се вели во извештајот напишан на 149 страници.

Севернокорејската мисија во ОН не го коментираше извештајот.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт