Северна Кореја продолжува да им пркоси на резолуциите на Советот за безбедност на ОН и продолжува со работа на својата нуклеарна и програма за балистички ракети, се наведува во извештајот на ОН.
Во извештајот на експертскиот панел за Северна Кореја на 76 страници во кој „Ројтерс“ имал увид се наведува дека една севернокорејска шпедитерска фирма го сменила името на повеќето свои бродови, со цел да го сокрие нивното потекло и продолжила со нелегални испораки што претставува прекршување на санкциите на ОН.
Пишува и дека севернокорејските дипломати, официјални лица и трговски претставници играат клучна улога во нелегална трговија со оружје, вклучувајќи и материјал за балистички ракети.
Инаку ОН воведоа ембарго за оружје на Пјонгјанг, со кое се забранува трговија на арсенал освен на малокалибарско оружје од Северна Кореја.
Е. Г.