Сеул: Северна Кореја повторно лансира два „непознати проектила“

Од:

Северна Кореја истрела два „непознати проектили“ кои паднаа во море, соопшти јужнокорејската армија.

Проектилите биле истрелани од околината на Тонгчон во покраината Кангвон, југоисточниот дел на Северна Кореја и паднале во Источно или во Јапонско Море.

– Армијата ја следи ситуацијата и евентуални други лансирања, се наведува во соопштението од војската на Јужна Кореја.

Тоа е шесто лансирање на проектили од крајот на јули. Според севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун проектилите се „службено предупредување“ за Јужна Кореја и за САД поради нивните заеднички воени вежби.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Најмалку 28 загинати и 37 повредени во пожарите во Јужна Кореја

(ВИДЕО) Најмалку 23 мртви во Јужна Кореја, пустоши еден од најтешките пожари во историјата на земјата

Четворица загинати, 11 повредени во пожари во Јужна Кореја

Јун Сук-Јол го напушти притворот во Сеул

Горан Наумовски

Џонг Ун: Мора да бидеме подготвени да користиме нуклеарно оружје.

Горан Наумовски

Севернокорејски хакери извршија кражба на деценијата