Сеул: Северна Кореја лансираше балистичка ракета со кус дострел

Од:

Северна Кореја утрово лансираше проектил, кој, според јужнокорејските власти, најверојатно е балистичка ракета со кус дострел.

Лансирањето на ракетата имало за цел да го провери капацитетот на новиот тип ракети со кус дострел, која Северна Кореја сама ја разви, како и заради искажување протест поради заедничките вежби на Вашингтон и Сеул овој месец, се наведува во соопштението на претседателството на Јужна Кореја.

Јужнокорејската војска утрово соопшти дека Северна Кореја лансирала два неидентификувани проектили во морето, недалеку од својот источен брег. По испукувањето на ракетата, во Сеул е одржана средба на првите луѓе на разузнавачката и на безбедносната агенција, како и Министерството за одбрана.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ