Северна Кореја гради голема подморница која може да носи балистички ракети, објави денеска јужнокорејскиот весник „Тона илбо”, повикувајќи се на американски разузнавачки извори.
Според весникот, американските тајни служби откриле дека „дизел-електричната подморница која е тешка над 2000 тони и широка 11 метри, се гради во бродоградилиштето Синпхо во провинцијата Јужен Хамгион, на источниот брег на Северна Кореја“.
Станува збор за подморница од нов тип, со која најверојатно ќе бидат заменети севернокорејските подводни бродови од класа „Коре” ( Кит), кои исто така можат да носат балистички ракети, додава „Тона илбо”.