Министерот за одбрана на Јужна Кореја, Хан Мин-ку денеска предупреди дека постои голема можност Северна Кореја да изведе шеста нуклеарна проба, откако првпат успешно тестираше интерконтинентална балистичка ракета.
– Крајна цел на Северна Кореја е својата нуклеарна сила да ја претвори во оружје, така што гледам голема можност тоа да се случи, наведе Хан.
Тој додаде дека е познато оти Северна Кореја секогаш е подготвена да спроведе нуклеарно тестирање, но оти до сега не се забележани никакви необични знаци.
САД побараа итен сосотанок на Советот за безбедност на Обедините нации откако Северна Кореја објави дека изврши тестирање на првата интерконтинентална балистичка ракета. Се очекува состанокот да биде одржан денеска.
Пентагон наведе дека САД и сојузниците се подготвени против растечката закана од Северна Кореја.