Разузнавачката служба на Јужна Кореја денеска информираше дека очекува Северна Кореја до крајот на годинава да развие ракета со која ќе може да го погоди западниот брег на САД.
Северна Кореја повеќе пати се закануваше дека има ракетен арсенал, кој може да ги погоди американските воени бази на Гуам и Хаваите, како и Калифорнија, на густо населениот западен брег на САД.