Сеул ќе постави нови лансирни рампи за ракети во близина на границата со Северна Кореја

Од:

Армијата на Јужна Кореја најави дека годинава ќе инсталира нови лансирни рампи за ракети во граничното подрашје со Северна Кореја.

Веста за агенцијата Јонхап ја потврдија армиски извори, кои соопштија дека наместо досегашните ракети со домет од 40, новите лансери ќе бидат опремени со ракети чиј дострел ќе биде 80 километри.

Поставувањето на новите лансирни рампи во Сеул се смета како одговор на новите ракетни инсталации што годинава почна да ги поставува Северна Кореја.

Според армиски извори, ракетите од Северна Кореја, што сега имаат дострел до 65 километри, се усовршени и ќе можат да бидат усмерувани на цели во далечина до 200 километри.

Би можело да ве интересира

Претседателот на Јужна Кореја официјално уапсен: 20 дена притвор

Птичји пердуви и крв пронајдени во моторите на авионот што се урна во Јужна Кореја

ВИДЕО: Уапсен отповиканиот јужнокорејски претседател

Катерина Ѓуровски

Нова полициска акција за приведување на Јун Сук-Јол

Горан Наумовски

Црната кутија не снимала четири минути пред авионот на Јеју Ер да удри во ѕид во Јужна Кореја

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета