Јужна Кореја планира да испрати специјален пратеник во Северна Кореја на повик на севернокорејскит лидер Ким Џонг-ун, изјави денеска јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин во телефонски разговор со американскиот колега Доналд Трамп.
Мун и Трамп разгповарале за неодамнешната посета на високи севернокорејски претставници во Јужна Кореја, соопшти Кабинетот на Мун.
„Мун и Трамп се согласија дека ќе продолжат да вложуваат напори со цел денуклеаризација на Корејскиот Полуостров, но притиоа да се зачува замавот во дијалогот меѓу Северна и Јужна Кореја“, се вели во соопштението.
Со испраќање пратеник во Пјонгјанг, Мун ќе одговори на испраќањето високи северенокорејски официјални лица на ЗОИ, меѓу кои беа и Ким Јо-џонг, сестрата на Ким Џонг Ун, прва членка на владејачкото севернокорејско семејство, која тоа го направи од Корејската војна 1950-1953.