Сеул ќе биде беспоштеден кон секоја нова провокација на Северна Кореја

Од:

Јужнокорејскиот министер за одбрана денеска изјави дека Сеул ќе биде беспоштеден кон секоја нова провокација на Северна Кореја, која во петокот објави успешно тестирање на балистичка ракета, истрелана од подморница.

Стратешката балистичка ракета море-земја беше истрелана во петокот од Северна Кореја, што Пјонгјанг ја оцени како „стратешко оружје на светско ниво“. Тестирањето беше лично следено од севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Според јужнокорејското министерство за одбрана Северот извршил три истрели на противбродски ракети, откако се закани дека ќе се пресмета со јужнокорејските бродови, кои ја нарушуваат спорната морска граница меѓу двете држави.

На средба за безбедносни прашања со членови на владејачката партија „Сенури“ министерот за одбрана генерал Хан Мин-гу изјави дека јужнокорејската армија нема да стои со скрстени раце. – Ние ќе употребиме беспоштедно соодветни мерки, за да го прекинеме кругот со нивни провокации, изјави министерот.

Би можело да ве интересира

Претседателот на Јужна Кореја официјално уапсен: 20 дена притвор

Птичји пердуви и крв пронајдени во моторите на авионот што се урна во Јужна Кореја

ВИДЕО: Уапсен отповиканиот јужнокорејски претседател

Катерина Ѓуровски

Нова полициска акција за приведување на Јун Сук-Јол

Горан Наумовски

Црната кутија не снимала четири минути пред авионот на Јеју Ер да удри во ѕид во Јужна Кореја

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета