Сеул и Токио постигнаа договор за повеќедеценискиот спор околу сексуалните робинки

Од:

Јужна Кореја и Јапонија постигнаа договор за надминување на повеќедецениксиот спор околу отшетата на Корејките кои за време на јапонската окупација биле користени како „сексуални робинки“ од страна на јапонски војници, јави јужнокорејската агенција Јонхап.

Со договорот, финализиран на денешната средба на министрите за надворешни работи на Јужна Кореја и Јапонија, Јун Бјунг-се и Фумио Кишида во Сеул, Токио презема одговорност за извршени „воени злосторства“ и изразува подготвеност за исплата на отштета на жртвите.

– Прашањето со сексуалните робинки е проблем кој остави длабоки последици врз честа и достоинството на многу жени и од денешна перспектива јапонската Влада чувствува одговорност за тоа, изјави Кишида на заедничката прес-конференција со Јун.

Според Сеул, за време на јапонската окупација на Корејскиот Полуостров од 1910 до 1945 година, над 8.300 Корејки биле затворени во специјални логори каде биле користени како сексуални робинки од страна на јапонските војници.

Покрај ова, јапонските окупациски власти затвориле голем број Корејци во работни логори, каде биле принудувани како робови да работат во секторот на воена индустрија во Јапонија.

По Втората светска војна повеќето од овие жртви се вратиле во своите домови, но судбината на дел од нив не е позната. Се верува дека тие починале во логорите.

Според некои јужнокорејски организации за заштита на човековите права, бројот на овие жртви надминува еден милион.

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

ВИДЕО: Снимен моментот кога Северна ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

ВИДЕО: Големи поплави, лизање на земјиште и евакуации во Јапонија и Јужна Кореја

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија