Сеул го повика Пјонгјанг да ги зачува каналите за комуникација

Од:

Јужна Кореја ја повика Северна Кореја да ги зачува постојните линии за комуникација меѓу двете земји, изјави денеска портпаролот на јужнокорејското Министерство за обединување.

– Овие телефонски линии меѓу југот и северот се главниот инструмент за одржување комуникации, тие мора да бидат зачувани во согласност со постојните договори, нагласи јужнокорејскиот претставник.

Тој исто така истакна дека Сеул во иднина сака да се придржува до сите меѓукорејски договори и да вложи напори да постигне мир и просперитет на целиот корејски полуостров.

Северна Кореја претходно објави дека ќе ги прекине сите линии за комуникација со Јужна Кореја почнувајќи денеска од пладне по локално време, а како причина за таквата одлука наведе дека Јужна Кореја испраќа летоци на север.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ