Сеул го обвини Пјонгјанг дека негови хакери упаднале во смартфоните на јужнокорејски владини службеници

Од:

Јужнокорејското разузнавање објави денеска дека севернокорејски хакери упаднале во смартфоните на десетици владини службеници на Јужна Кореја и украле телефонски броеви и службени текстови.

Кибер нападите биле извршени во периодот меѓу крајот на февруари и почетокот на март, прецизира јужнокорејската Национална разузнавачка служба.

Севернокорејски хакери, како што јави Јонхап, исто така го нападнале и серверот на голема компанија за изработка на софтвер за заштита на онлајн банкарско работење.

– Северна Кореја изврши серија напади врз нашиот кибер простор, по нуклеарната проба на 6 јануари и планира да нападне јужнокорејска банкарска сметка, се наведува во соопштението на разузнавачката служба.

Јужнокорејското разузнање соопшти и дека Северна Кореја се обидела да хакира и мејлови на јужнокорејски железничари во обид да го нападне системот за контрола на железничкиот транспорт.

Би можело да ве интересира

Претседателот на Јужна Кореја официјално уапсен: 20 дена притвор

Птичји пердуви и крв пронајдени во моторите на авионот што се урна во Јужна Кореја

ВИДЕО: Уапсен отповиканиот јужнокорејски претседател

Катерина Ѓуровски

Нова полициска акција за приведување на Јун Сук-Јол

Горан Наумовски

Црната кутија не снимала четири минути пред авионот на Јеју Ер да удри во ѕид во Јужна Кореја

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета