Папата Франциско синоќа ги повика верниците од развиениот свет да живеат поедноставни, помалку материјални животи и го осуди длабокиот јаз меѓу сиромашните и бодатите.
– Да се прашаме: Дали навистина ми требаат сите тие материјални работи и компликувани рецепти за живот? Можам ли да живеам без тоа непотребно изобилство и да имам едноставен живот?, праша папата, кој синоќа ја предводеше службата во базиликата Свети Петар во Ватикан.
Во својата проповед, тој рече дека раѓањето на Исус Христос укажало на новиот начин на живот, „не со алчност и трупање, туку со споделување и давање“.
– Во денешно време, за многу луѓе, смислата на животот е во поседување, во изобилија на материјални работи. Незаситната алчност е карактеристика на целата човекова историја, вклучувајќи ја и денешнината кога, парадоксално, само ретки вечераат обилно, а премногу луѓе немаат ни парче леб за да преживеат, рече папата.
Франциско, прв папа од Латинска Америка, ја одреди борбата против сиромаштијата за проритет на својот понтификат.
Тој денеска ќе го упати традиционалниот Urbi et Orbi, порака до градот (Рим) и светот од централниот балкон на базиликата Свети Петар.
Во меѓувреме, десетици илјадници верници, од целиот свет пристигнаа во Витлеем, родното место на Исус Христос.
Палестинската министерка за туризам Рула Маја рече дека сите хотелски капацитети во Витлеем се пополнети и оти градот е подготвен да пречека „вџашувачки“ 10.000 туристи за една ноќ.
Маса луѓе ја преплавија црквата Христово раѓање, каде ја слушаа полноќната миса.
– Со години не сме имале олкава посетеност, рече министерката, дополнувајќи дека годинава Витлеем го посетиле три милиони туристи, за разлика од минатата година кога таа бројка изнесуваше неколку стотина илјади посетители.
Историјат
Божик е и свет религиозен празник и глобален културен и комерцијален феномен. Веќе два милениуми, луѓето низ целиот свет го практикуваат со традиции кои по природа се и религиозни и секуларни. Христијаните го слават денот Божик како годишнина од раѓањето на Исус од Назарет, духовниот водач чии учења ја поставиле основата на нивната религија. Популарните обичаи вклучуваат размена на подароци, украсување божикни дрва, одење во цркви, заеднички оброк со семејството и пријателите и, се разбира, чекањето да дојде Дедо Мраз.
Во првите години од христијанството, Велигден бил главниот празник; раѓањето на Исус не било прославувано. Во четвртиот век, црквените власти решиле да го воведат раѓањето на Исус како празник. Но Библијата не наведува датум на неговото раѓање (факт кој пуританците подоцна го истакнувале за да ја забранат легитимноста од славењето). Иако некои докази наведуваат дека неговото раѓање можеби било на пролет (зошто овчарите би ги паселе овците насред зима?), папата Јулиј Први го одбрал денот 25 декември. Општо се верува дека црквата го одбрала овој ден во обид да ги прифати и адаптира традициите од славењето на паганските Сатурналии. Првично наречен Гозба за раѓањето на Исус, овој обичај се проширил во Египет во 423 г.н.е., и во Англија до крајот на шестиот век. До крајот на осмиот век, славењето на Божик се проширило се до Скандинавија. Денес грчката, руската и други православни цркви го слават Божик 13 дена по 25 декември, исто така во чест на Богојавлението или Трите кралеви. Ова е денот за кој се верува дека трите мудреци конечно го пронашле Исус во шталата.
Со прославувањето на Божик истовремено како и традиционалните прослави за време на зимската рамнодневица, црковните водачи ги зголемиле шансите популарноста на Божик да биде широко прифатена, но се откажале од упатствата како тој да се слави. Во Средниот век, христијанството во поголемиот дел од стариот свет ја заменило паганската религија. На Божик, верниците оделе во цркви, а потоа раскалашно славеле со пиење во атмосфера како на карневал, слична на денешниот Марди гра. Секоја година некој просјак или студент ќе бил крунисан за „господар на лошото владеење“, а другите славеници ја играле улогата на негови потчинети. Сиромашните оделе во куќите на богатите и ја барале нивната најдобра храна и пиење. Ако газдите не им го овозможувале тоа, посетителите најверојатно гадно ги тероризирале. Божик станал дел од годината кога побогатите можеле да ги отплатат нивните вистински или замислени „долгови“ кон општеството развеселувајќи ги помалку среќните граѓани.
На почетокот на 17-иот век, бран од религиозни реформи го смениле начинот на кој Божик се славел во Европа. Кога Оливер Кромвел и неговите пуритански сили за зазеле Англија во 1645 година, тие тргнале да ја чистат Англија од декаденцијата и како дел од нивните обиди, го забраниле и Божик. По желба на народот, Чарлс Втори бил вратен на тронот, а заедно со него се вратил и популарниот празник.
Аџиите, англиските сепаратисти кои дошле во Америка во 1620 година, биле дури и поортодоксни во нивните пуритански верувања отколку Кромвел. Како резултат на тоа, Божик не се славел како празник во раната Америка.
Од 1659 до 1681 година, славењето на Божик во Бостон всушност било забрането со закон. Секој кој ќе пројавел божикно расположение, бил казнуван со пет шилинзи. Спротивно на ова, во доселеничката населба Џејмстаун, капетанот Џон Смит навел дека Божик го славеле сите и дека празникот минувал без инциденти.
По американската револуција, англиските обичаи не биле прифатени, меѓу кои и славењето на Божик. Всушност, Божик не бил прогласен за федерален празник се до 26 јуни 1870 година.
Се до 19-иот век, Американците не го прифатиле Божик. Тие повторно го откриле Божик и го промениле од раскалашен празник во ден фокусиран на семејството на мир и носталгија. Но што било тоа што ја подигнало заинтересираноста кај Американците во 1800-ите години?
Раниот 19-ти век бил период на класни конфликти и превирања. Во тоа време невработеноста била висока, а дивеењата на бандите од маргинални луѓе често се случувале за време на сезоната на Божик. Во 1828 година, советот на градот Њујорк ја основал првата градска полициска единица како одговор на божикните нереди. Ова насочило некои членови од побогатите класи да почнат да го менуваат начинот на кој Божик се слави во Америка.
Во 1819 година, познатиот писател Вашингтон Ирвинг ги напишал „Белешките на господинот Геофри Крејон“, збирка од приказни во врска со прославата на Божик во англиските домови. Во овие белешки имало некој богаташ кој канел селани во својот дом за празникот. Спротивно на проблемите со кои се соочувало американското општество, двете групи живееле мирно едни покрај други. Во умот на Ирвинг, Божик требал да биде мирољубив празник кој ги грее срцата и ги зближува групите преку линиите на богатство или социјален статус. Измислените славнички ликови на Ирвинг уживале во „старите обичаи“, меѓу кои и во крунисувањето на „господарот на лошто владеење“. Сепак, книгата на Ирвинг не се базирала на прославите на кои тој присуствувал – всушност, многу историчари велат дека Ирвинг всушност „измислил“ традиција, убедувајќи ги луѓето дека ги опишува вистинските обичаи за тој празник.
Исто така и отприлика во исто време, англискиот писател Чарлс Дикенс ја напишал класичната празнична приказна „Божикна песна“. Пораката во приказната зборува за важноста од добродетелството и добрата воља кај човечкиот род – и било силно прифатена и во САД и во Англија, а на членовите на викторијанското општество им укажало од користа од славењето на празникот.
На почетокот на 19-иот век и семејствата станале помалку дисциплинирани и почувствителни на емоционалните потреби на децата. Божик за семејствата бил ден кога можеле да искажат поголемо внимание и да им дадат подароци на своите деца без ризик да ги „разгалат“.
Кога Американците почнале да го прифаќаат Божик како совршен семеен празник, старите обичаи пак се вратиле. Новите емигранти и католичките и епископските цркви барале начин како да го слават овој ден. Во следните 100 години, Американците самите си изградиле божикна традиција која вклучувала делчиња од други обичаи, меѓу кои и украсување дрва, испраќање честитки и делење подароци.
Иако повеќето семејства наскоро се навикнале на идејата дека го слават Божиќк, исто како што се правело со векови наназад, Американците всушност повторно го вратиле празникот за да ги пополнат културните потреби на се поголемата нација.
Факти за Божик
Секоја година, 30-35 милиони вистински божикни дрва се продаваат само во САД. Има 21.000 одгледувачи на божикни дрва во САД, и дрвата обично растат 15 години пред да бидат продадени.
Во Средниот век, прославите за Божик биле диви и неконтролирани – слично на денешниот Марди гра.
Од 1659 до 1681 година, прославата на Божиќ во Бостон била забранета со закон, а прекршителите на законот биле казнувани со по пет шилинзи.
Божик бил прогласен за федерален празник во САД на 26 јуни 1870 година.
Првиот Егног направен во САД го испил капетан Џон Смит во 1607 година, во доселеничката населба Џејмстаун.
Растението поинсета е именувано по Џоел Поинсет, американски свештеник во Мексико, кој го донел зелено-црвеното растение од Мексико во Америка во 1828 година.
Армијата на спасот испраќа собирачи на добротворни прилози облечени како дедомразовци по улиците уште од 90-ите години на 19-иот век.
Рудолф, „најпознатиот ирвас“ го измислил Роберт Меј во 1939 година. Копирајтерот напишал поема за ирвасот за да ги привлече купувачите во продавницата Монтгомери вард каде што работел.
Градежните работници ја почнале традицијата на поставување божикно дрво во Рокфелер центарот во 1931 година.