Мицкоски: Божик нè повикува и да бидеме солидарни, да си помагаме еден на друг

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски до архиепископ Охридски и Македонски, г.г. Стефан, членовите на Светиот архиерејски синод, свештенство и монаштво, и до граѓаните, во лично име и во име на Владата упати честитки по повод големиот христијански празник – Божик.

-Раѓањето на Спасителот на светот е симбол на љубовта, милосрдието и жртвата за доброто на човештвото. Овој свет ден нè потсетува на вистинските вредности – вербата, надежта и љубовта, кои треба да нè водат во секојдневниот живот. Божик нè повикува и да бидеме солидарни, да си помагаме еден на друг и да ја споделуваме радоста со сите околу нас, се наведува во честитката.

Во време кога предизвиците се бројни, се додава, оваа празнична атмосфера нè поттикнува на размислување за заедништвото и единството, како најсилен темел за изградба на подобра иднина.

-Нека Божик биде потсетник дека со вера, труд и меѓусебно разбирање можеме да создаваме општество исполнето со мир, правда и напредок. Нека Божик ни даде нова сила да работиме заедно и да создаваме големи дела за доброто на сите граѓани, негувајќи ја традицијата и духовноста како темели на нашето општество. Посакувам да го поминеме овој празник во духовен мир, со радост во срцата, во кругот на семејството и најблиските. Нека Божјата милост нé води низ животот, носејќи благосостојба, здравје и успех во секој наш чекор. Христос се роди!, стои во честитката од премиерот Христијан Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации

(ВИДЕО) Мицкоски: Нема да отстапиме од македонските национални интереси, но и од стратешката цел – да бидеме дел од европското семејство

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски ќе се жали во НАТО за Ива, а молчи за Груевски и не бара екстрадиција

Мицкоски: Михаилова е нелегално пренесена во Бугарија, кога-тогаш таа и татко ѝ ќе одговараат

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра