Влијателната сестра на севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, ќе присуствува на церемонијата на отворање на Зимските олимписки игри в петок, која ќе се одржи во Пјонгчанг во Јужна Кореја, информираат министрите од Сеул.
Ким Јо-џонг е најмладата ќерка на починатиот лидер, Ким Џонг-ил, а нејзината улога во политичкиот живот беше зајакната минатата година кога беше унапредена. Таа ќе биде првиот член на династијата Ким кој ќе ја посети Јужна Кореја откако полуостровот беше поделен на два дела во 1953 година.
Двете Кореи ќе маршираат под едно знаме на церемонијата на отворање. Учеството на Северот на оваа спортска манифестација се оценува како одмрзнување на билатералните врски. Сепак, експертите велат дека ваквото сценарио нема да има големо влијание врз нуклеарните амбиции на Северна Кореја.
Ким Јо-џонг ќе биде придружувана од делегацијата на Северна Кореја, чие присуство беше најавено минатиот викенд. Поголемиот дел од 280-члената севернокорејска делегација, вклучувајќи тука и навивачи, веќе пристигна во Јужна Кореја.