Серија земјотреси во близина на Нов Зеланд, со магнитуда до 6,8 степени

Од:

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) денес објави дека во регионот на Тихиот Океан во близина на Нов Зеланд е регистрирана серија земјотреси, од кои најсилните биле со магнитуда од 6,8 и 6,2 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран на длабочина од десет километри во регионот на островот Маквари, 1.396 километри југоисточно од Хобарт, Австралија, во 2:53 часот наутро по локално време.

На иста длабочина, земјотрес е регистриран во близина на Јужниот остров на Нов Зеланд, со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, 469 километри југозападно од Данидин, во 1:16 часот по локално време.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Земјотрес по земјотрес: 6,8, па 6,5 степени

Силен земјотрес ја погоди БиХ, потресите се почувствуваа во близина на Ливно

Бурата во Нов Зеланд го наруши сообраќајот, илјадници семејства останаа без струја

ВИДЕО: Снимка од моментот на земјотресот во Тетово

Катерина Ѓуровски

Почуствуван земјотрес во Тетово и околината