Екипата на Си-Ен-Ен од Киев јави за бројни експлозии во и околу градот, од кои две големи експлозии го „осветлиле небо во ноќта“ југозападно од Киев.
Новинарите на американската ТВ куќа наведуваат дека украинските власти ги предупредиле жителите на Киев и другите градови да се подготват за воздушни напади, кои се чини дека почнааа во раните утрински часови по локално време.
Си-Ен-Ен објави снимка од, како што се чини, голем пожар во близина на центарот на Киев, а „Киев пост“ објави дека гори магацинот за нафта Василков, на околу 20 километри јужно од Киев.
Две огромни експлозии се слушнале југозападно од Киев, а се чини се случиле на 20 километри од центарот на градот
Истовремено, и во Харков и во Василики се слушале силни детонации.
Извор: МИА