Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

Од:

Француската национална канцеларија за борба против тероризмот започна истрага за бранот напади врз повеќе затвори ширум земјата, за кои се верува дека се координирани и поврзани со владината акција против шверцерите на дрога.

Вооружени напаѓачи вчера пукаа со автоматско оружје на влезот во затворот во Тулон, јужна Франција. Во последните денови беа запалени автомобили пред уште четири затвори, а во Марсеј беше нападната станбена зграда во која живеат чувари.

Нападите доаѓаат додека францускиот парламент се подготвува да гласа за нов закон со кој ќе се зголемат полициските овластувања за истрага на дилерите на дрога, ќе се заострат затворските казни за осудените шверцери и ќе се создаде ново обвинителство задолжено за борба против организираниот криминал.

Според полицијата, огромните количества кокаин кои доаѓаат од Јужна Америка го поттикнале насилството поврзано со дрога во Франција, каде заплените на дрогата достигнале највисоко ниво. Бандите кои претходно беа концентрирани во градови како Марсеј се проширија на помали места кои претходно не беа искористени за овој вид насилство.

Министерот за правда Жералд Дарманин требаше да го посети затворот во Тулон вчера попладне за да изрази поддршка за персоналот. Дарманин рече дека е решен да ги запре активностите на нарко-босовите од затворот и нареди изградба на два нови затвора со максимална безбедност со капацитет од повеќе од 700 затвореници.

„Во неколку затвори беа направени обиди за заплашување на персоналот, од палење возила до пукање со автоматско оружје. Француската Република решително се соочува со проблемот со трговијата со дрога и презема мерки кои сериозно ќе ги потресат криминалните мрежи“, напиша Дарманин на платформата „Икс“.

„Републиката се соочува со трговија со дрога и презема мерки кои длабоко ќе ги дестабилизираат криминалните мрежи. Таа е нападната и ќе одговори цврсто и храбро“, додаде тој.

„Мило ми е што Националното обвинителство за борба против тероризмот го презеде случајот бидејќи ова е исклучително сериозна ситуација. Тоа се терористички напади“, им рече тој на новинарите за време на посетата на затворот.

Тој додаде дека се користат значителни ресурси за пронаоѓање на сторителите и дека ќе бидат изречени „екстремно строги казни“.

Дарманин рече дека „актите на заплашување од затворски службеници“ се поврзани со напорите на владата за борба против криминалот поврзан со дрога.

Би можело да ве интересира

Катастрофални услови, пренатрупаност и и лоша здравствена заштита во македонските затвори

Пандов: Во некои затвори над 50 проценти од затворските полицајци се корумпирани

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција