Пратениците од кримскиот Државен совет го избраа денеска Сергеј Аксјонов за „претседател на Република Крим“ со мандат од пет години.
Сите 75 пратеници на регионалниот Парламент гласале за Аксјонов, пренесува ИТАР ТАСС.
Локалниот министер за екологија и природни ресурси Генадиј Нараев и рускиот претставник Александер Терентјев, кои исто така беа кандидати за претседател на Крим, не добиле ниту еден глас.