„Проруските сили би можеле да извршат целни напади врз јужниот украински град Мариупол, освен ако украинските сили таму не се предадат“, изјави денеска командантот на сепаратистите од Доњецк, Едуард Басурин, пренесе Интерфакс.
Русија и сепаратистите велат дека опколиле град со 430.000 жители на брегот на Азовското Море.
Сепак, во оперативното соопштение објавено утрово од страна на украинската војска се вели дека градот останува во украински раце.