Шесте муслимански сепаратистички групи од крајниот југ на Тајланд денеска соопштија дека политички се обединиле за да можат да спроведат ефикасни преговори за прекин на вооружеите судири.
Сепаратистите ги почнаа пресметките со тајландската армија во 2004 година, а до договорот за прекин на непријателствата во февруари 2013 годна во борбите имало најмалку 6.000 загинати и двојно повеќе ранети.
Бунтовниците од муслиманските групи во граничната област меѓу Тајланд и Малезија тврдат дека имаат над 9.000 вооружени борци. Освен поставување послаби експлозивни направи во продавници, кои експлодираат во време кога таму нема ниту купувачи ниту персонал.
Идејата за одржување нова рунда преговори ја поддржа и малезискиот премиер Наџиб Разак, кој е медијатор меѓу муслиманските сепаратисти и властите во Бангкок. Меѓутоа, ниту сегашните воени власти, ниту тие пред воениот удар од мај минатата година, не им дават политички легитимитет на муслиманските сепаратистички движења.