Адвокатите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјавија дека американскиот Сенат нема овластување да му суди за отповикување како приватно лице, обвинувајќи го за поттикнување на бунтот и упадот во Капитол од 6 јануари.
Британските медиуми јавуваат дека во поднесокот на тимот на Трамп што тие го доставија на една недела пред почетокот на неговото судење, исто така, тврдат дека Сенатот нема овластување да го спречи тој во иднина да извршува јавната функција.
Вчера, не нешто повеќе од една недела пред закажаното судење за отповикувањето во Сенатот, Трамп ангажираше двајца нови адвокати за својата одбрана. Тој објави дека одбраната ќе ја водат Дејвид Шон и Брус Л. Кастор Џуниор, уште во изјавата тврдејќи дека нивниот заеднички став е оти отповикувањето е неуставно.
Одлуката за ангажирање на нови бранители беше објавена откако петмина адвокати се повлекоа од одбраната поради несогласувања за тоа како да се постапи понатаму.
Трамп сакаше адвокатите да продолжат да ја бранат тезата за масовна измама на претседателските избори во ноември, наместо фокусот да биде на законитоста на постапката за отповикување на претседател кој не е веќе на функција.
Судењето на Трамп за поттикнување на упадот на неговите приврзаници во Конгресот на 6 јануари треба да започне на 9 февруари.