Сенатот на САД усвои нацрт-закон, насловен како Закон за поддршка на слободна Украина во 2014 година, а со кој се предвидуват санкции против Русија и воена поддршка за Украина.
Документот е изработен од сенаторот Роберт Коркер, кој е републиканец од сојузната држава Тенеси. Нацрт-законот му дава право на американскиот претседател да воведува ограничувања за големите руски корпорации, како „Газпром“ и „Рособоронекспорт“.
Со документот исто така му се дава право на претседателот Барак Обама да почне со доставување оружје за Киев, поточно противтенковско оружје и оклопна техника. За остварување на тие активности на Владата на САД и се овозможува да потроши 350 милиони долари за следната година.
Со законот на американската Влада и е овозможува и да купува и транспортира вонредни резерви гориво за задоволување на потребите на Украина, во таа смисла и преку реверзивни доставки од Европа, како и да му пружа помош на Киев во обновувањето на енергетската инфрастуктура. За оваа цел САД можат да потрошат 50 милиони долари следната година.