Семејството Бајден им го честиташе Божик на православните верници во САД и светот

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден и неговата сопруга Џил денеска им го честитаа Божик на православните христијани во САД и ширум светот.

„Како и многу други во текот на изминатата година, православните христијани покажаа голема сила на карактер и истрајност, продолжија да покажуваат љубов кон своите ближни и да им служат на своите заедници во тешки времиња“, се вели во честитката од претседателот и првата дама.

Притоа, тие изразија и сочувство на оние кои ги загубија своите најблиски за време на пандемијата и кои, како што наведуваат, „ќе го поминат овој Божик полни со тага“.

Џо и Џил Бајден порачаа дека се молат за сите оние кои страдаат, со надеж дека „и покрај болката, ќе најдат сила и чувство за цел и смисла“, пренесе Гласот на Америка.

„Додека ја започнуваме новата година, многу православни христијани ширум светот продолжуваат да се соочуваат со прогон и дискриминација. Сакаме уште еднаш да ја изразиме нашата непоколеблива поддршка за почитувањето на универзалното и неотуѓиво право на верска слобода“, се наведува во честитката.

Претседателот и првата дама на САД исто така посочија дека заедно со православните христијани се молат за мир, правда, слобода и исцелување во наредната година.

Би можело да ве интересира

Зеленски остро го критикува Бајден, го обвинува дека не испратил помош на време за Киев

Бајден направи грешка, не си издаде превентивно помилување, вели Трамп

Горан Наумовски

Трамп откри дека Бајден му оставил „инспиративна“ порака во Белата куќа

Пред да замине од Белата куќа, Бајден помилува пет членови на неговото семејство

Бајден и Трамп заедно одат кон Капитол каде новиот претседател на САД ќе положи заклетва

Бајден потврди дека му оставил писмо на Трамп