Трагично заврши патувањето на една брачна двојка од САД која ги искористила божиќните празници заедно со ќерката да ги посетат водопадите во Јужна Африка.
Семејството одлучили 14 години од бракот да прослави токму кај водопадите во Јужна Африка.
Шетајќи околку водопадите се обиделе да поминат преку врвот и се држеле за раце. Очевидците велат дека се лизнале и паднале врз карпите од височина од 30 метри. На спасувачките екипи им биле потребни неколку часа за да ги пронајдат.
Местото на несреќата е едно од најпосетените во Јужна Африка и речиси секогаш е преплавено со туристи.