Семејствата на починатите од коронавирус во Ломбардија бараат Фон дер Лајен и Рагнар да ја следат истрагата

Од:

Семејствата на починатите од Ковид-19 во Ломбардија, кои пред еден месец поднесоа тужба во судот во Бергамо против политичари за кои сметаат дека се одговорни за тоа што не реагирале соодветно на пандемијата, сега испратија писмо до претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и до претседателот на Европскиот суд за човекови права, Роберт Рагнар Спано.

Семејствата бараат од нив „да го следат процесот на истрагата во Ломбардија“ затоа што сметаат дека во трагичниот биланс на пандемијата во Ломбардија има „елементи на злосторство против човештвото со кршење на Уставот на Италија и Повелбата на ЕУ за основни човекови права“.

За време на пандемијата од Ковид -19 во Ломбардија починаа 16.757 лица, претежно постари.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски