Семејствата на Кадиров, Медведев и Шојгу на удар од нови санкции: Јапонија објави црна листа

Од:

Јапонија денеска ги прошири санкциите против Русија, воведувајќи ограничувања за нови руски поединци и компании, како и за стоки „поврзани со хемиско оружје“.

Јапонското министерство за финансии денеска објави нова црна листа, во која има бројни руски државјани и девет компании и организации, пренесува ТАСС.

Членовите на семејството на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, заменик-претседателот на Советот за безбедност Дмитриј Медведев и премиерот Михаил Мишустин се меѓу повеќе од 80 лица на новата листа на санкции.

Јапонското министерство за економија, трговија и индустрија на 26 септември објави дека земјата ќе ги прошири санкциите против Русија, воведувајќи забрана за извоз на стоки и материјали „поврзани со хемиско оружје“, а листата на забранети стоки ја одобри јапонската влада на 30 септември.

Санкциите наметнати од јапонската влада од почетокот на војната во Украина се однесуваат на повеќе од 800 лица од Русија, повеќе од 200 руски компании и организации и 11 банки, наведува агенцијата РИА Новости.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО