Семеен расцеп во крајно десничарската партија Национален Фронт

Од:

По Одлуката на извршното биро на Националниот Фронт (НФ) донесена вчера за суспендирање на членството во партијата на основачот и почесниот претседател на партијата, Жан Мари Ле Пен, неаздоволството на таткото Ле Пен не стивнува.

Во утринското интервју за радиото Еуроп1, Жан Мари Ле Пен изјави дека „во моментов се спротистаува на победата“ на својата ќерка Марин Ле Пен на претседателските избори во 2017 година.

„Ако такви морални принципи треба да претседаваат со француската држава, тоа ќе биде скандалозно“ – изјави таткото Ле Пен на сметка на ќерката Ле Пен.

Тој ја оценува својата ќерка како „малку полоша од УМП и Социјалистичката партија, бидејќи со непријателите борбата е лице в лице, а овде тоа е борба зад грб“. Контрозверзниот политичар кој раководеше со НФ 40 години од друга страна се надева на поддршката на својата внука Марион Ле Пен, (внука од втората ќерка) која стана најмлада пратеничка во француското Национално собрание и која може да ја истакне кандидатурата за претседателство на НФ.

Во едно друго интервју за радиото РМЦ, Жан Мари Ле Пен, не го криеше незадоволствот кон извршното биро на НФ „ собир на стипендирани, куртизани, стрелачки строј, со седум платеници“.

Најавувајќи ги сите правни мерки за да се спростистави на одлуката на извршното биро на партијата, Жан Мари ле Пен треба да се соочи и со Генералното собрание на партијата, кое може да одлучи одземање на почесното претседателско место на НФ.

Во излив на незадовослтво тој оцени дека неговата ќерка „е недостојна да го носи презимето Ле Пен“, советувајќи се да се омажи за нејзиниот придружник со што ќе може да го смени. „Ако не со нејзиниот придружник, зошто да не со Г-динот Филипо (потпретседател на партијата и хомосексуалец)“.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата