Секој трет жител на Брисел е млад, сиромашен или странец

Од:

Секој трет жител на Брисел е на возраст од под 25 години, тој е сиромашен или е со странско потекло, покажуваат резултатите од анкетата на медиумската група Ер-Те-Ел.

Во моментов во Брисел живеат 1,15 милиони жители, што е за 180.000 повеќе во однос на 2000 година. Експертите проценуваат дека до 2020 година бројот на жители на „европскиот главен град“ ќе се зголеми до 1,27 милиони.

Наспроти тоа што една третина од жителите на Брисел се родени во странство или потекнуваат од родители странци, дури во половина од семејствата во градот се говорат по најмалку два јазика.

Едно претходно истражување, спореведно на почетокот на годинава, покажа дека секој петти жител на Брисел говори арапски јазик, како и дека во градот во употреба се вкупно 104 различни јазици.

Истражувањето покажува и дека секое трето дете родено во Брисел потекнува од семејство во кое родителите немаат редовни приходи, а од друга страна просечната плата во градот е за 20 проценти пониска од просекот во Белгија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Оружен инцидент во Брисел: Маскирани напаѓачи пукаат кон цивили

Горан Наумовски

Драма во Белгија: Вооружен маж се обиде да влезе во премиерската резиденција

Пукотница во Андерлехт: Едно лице загина, друго е повредено

Горан Наумовски

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети