Секој трет Германец преоптоварен на работа

Од:

Секој трет Германец на работа се чувствува преоптоварен, покажа една студија на фондацијата „Бертелсман“, според која четвртина од вработените се соочува со преголемо работно темпо, па така многумина го ставаат на коцка сопственото здравје.

Долгорочно тоа не може да се издржи, јавија меидумите според изјавите на вработените, од кои според студијата, 18 отсто од нив доаѓаат до граница на нивните можности, а 23 отсто во работата не прават пауза.

Секој осми Германец оди на работа дури и болен, при што расте опасноста и по здравјето на другите вработени, покажува студијата.

Околу 42 отсто од нив се жалат дека работното опкружување е во знак на растечките работни цели, а секој трет не знае како на тоа да одговори, јавија медиумите, наведувајќи дека веднаш штом се постигнат новите цели, тоа тогаш важи веднаш како нов стандар на работа.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија