Секој шести Италијанец нема да оди на летување

Од:

Секој шести Италијанец ова година нема да замине на летување, покажуваат податоците на италијанската Федерација на хотелиерите.

– Бројот на луѓето кои ги посочуваат економските мотиви како причина за да ја образложат својата одлука да не одат на одмор е во пораст. Секој трет Италијанец прознава дека е сиромашен за да оди на одмор, изјави претседателот на Федерацијата, Бернабо Бока.

Според податоцитe на Федерацијата, оваа година на летување ќе заминат 27 милиони Италијанци или 44 проценти од вкупната популација. Лани на летување биле 33,2 милиони Италијанци, односно 55 проценти од вкупниот број жители на Италија.

– Откако водиме ваква статистика досега не сме имале толку големо намалување. Кризата прво ги погоди најсиромашните слоеви, а сега е на пат да удри и по средната класа, додава Бока.

Од оние Италијанци што ќе одат на летување, 76,6 проценти се решиле за некое одморалиште во Италија, 18,5 отсто ќе одат во странство, а останатите се уште не решиле каде ќе го минат својот одмор.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он