Секој осми Французин нема доверба во Владата на Мануел Валс

Од:

Над осумдесет отсто од Французите немаат доверба во Владата на француксиот премиер Мануел Валс, покажува анкетата на агенцијата Ифоп, спроведена за неделникот „Журнал ди диманш“.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, на прашањето „дали верувате дека Владата ќе оствари конкретни резултати во борбата против невработенсота“, 85 отсто од анкетираните одговориле негативно. Во врска со економскиот раст, кој две тримесечија стагнира, 84 проценти од испитаниците одговориле дека не веруваат оти Владата може да измени нешто, додека 82 отсто сметаат дека таа нема да успее да го намали дефицитот.

Во моментов кога политчарите и Владата се на одмор, како и најголемиот број од Французите, недовербата кон извршната власт расте и во редовите на левицата, бидејќи само 42 проценти од симпатизерите на левите партии изјавиле дека имаат доверба во економската политика на Владата во однос на намалувањето на јавниот дефицит, 37 отсто во однос на остварувањето економски раст и 39 проценти во однос на борбат против невработеноста.

Во вториот дел од анкетата, покрај економскиот кредибилитет на Владата, се опфатени и приоритетите на Французите за идните месеци. Без изненадување, борбата против невработеноста се наоѓа на првото место со 70 отсто, пред здравејето со 56 проценти, борбата против деликвенцијата со 53 отсто и зголемувањето на платите и куповната моќ со 50 проценти.

Во истото денешно издание на „Журнал ди диманш“, фарнцускиот премиер Мануел Валс тврди дека „не станува збор“ за тоа дека неговата влада ќе ја промени политиката и покрај застојот на економскиот раст, оценувајќи дека оние во редовите на левицата кои повикуваат на промена на владината стратегија „се неодговорни“.

Валс нагласува дека на Французите треба да им се „кажува вистината“, доадавјќи оти на политиката која претседателот на Републиката решил да ја спроведе „и е потребно време за да даде резултати“.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата