Маргот Воелк две години и шест месеци, работела како личен тестер на храната за Хитлер. Во последните негови години од животот, таа ја пробувала храната, за да провери некој да не го отруе освојувачот.
Додека нејзините соработници врзувале крај со крај, таа уживала во најубавото јадење, но секое од нив можело дабиде фатално. Таа работела во цивилната служба, кога еден од помошниците на Хитлер ја поставил за „Vorkosterin“, како што на германски се вели оваа позиција.
Таа ја чувала својата тајна се до пред некое време, а дури ниту нејзиниот сопруг не знаел што работела таа за време на Втората светска војна. Таа открива дека диктаторот, бил вегетеријанец.
– Никогаш не јадеше месо, барем не додека бев јас таму. Се плашеше дека Британците ќе го отрујат. Храната беше извонредна, а најмногу сакаше пиперка и аспарагус. Сепак, имате чувство дека секој оброк ви е последен – вели Воелк.
Таа била само една од петнаесетте девојки кои работеле за Хитлер.