Фотографијата на Хана Стонхаус Хадсон на која го гледаме кучето Шоеп како спие во езерото, во прегратките на пријателот на авторката на сликата Џон Ангер, допре илјадници срца низ светот, откако се појави на „фејсбук“.
Таа под сликата објасни дека нејзиниот пријател секој ден го носи своето милениче во езерото Супериор за да му ја олесни болката на животното и да му помогне да заспие.
Кучето има 19 години, а неговиот сопственик го пронашол уште како малечко и од тогаш се неразделни пријатели.
Џон открил дека водата има полезно влијание на неговиот артритис, па секој ден оди во езерото заедно со него чекајќи Шоеп да се опушти и да заспие.
Прекрасна фотографии која сведочи за постоењето на безгранична и безконечна љубов, помеѓу сопственикот и болното куче.
За една недела откако е поставена на „фејсбук“ ја лајкувале 250.000 пати, а ја поделиле 150. 000 корисници. Ако збирот е точен според пресментките таа е видена од 3 милиони луѓе.