Седум лица, вклучувајќи и три деца, денеска загинаа во експлозијата на цистерна со гас, која притоа разурна голем дел од породилиште во западниот дел од мексиканската престолнина, соопштија локалните спасувачки служби, цитирани од британските медиуми.
Луис Фелипе Пуенте, шефот на мексиканската служба за цивилна заштита, потврди дека во несреќата има седуммина загинати.
Спасувачките екипи во потрага по преживеани ги пребаруваат разурнатите делови од зградата на породилиштето.
Десетици лица се евакуирани, а некои од нив биле со повреди предизвикани од искршените прозорци.