Седум лица се убиени и шестмина други се ранети во два одвоени бомбашки напади во Авганистан, јавија американските медиуми.
Бомбите погодиле две комбиња во дел од Кабул каде претежно живеат шиити, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Шиитите се малцинство во Авганистан, каде преовладуваат сунитските муслимани.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападите.
Во оваа област, бомбардирањата досега најчесто ги извршуваше Исламската држава.
Насилството во Авганистан, каде војната трае речиси две децении, не стивнува и се стравува дека нападите ќе се интензивираат по најавеното повлекување на американската војска, која планира да ги врати сите војници дома најдоцна до септември.