Седум лица загинаа, а 22 се ранети при серија експлозии на бомби во јужните региони на Тајланд, соопштија тајландските власти.
Како што јави ДПА, во провинциите Јала, Патани, Наративат и Сонгкла синоќа и изутринава експлодирале 31 бомба, при што се предизвикани се неколку пожари.
Бомбите биле поставени на банкомати, покрај патишта или биле насочени кон воени патроли.
Во експлозиите загинале петмина војници и двајца цивили, а десетмина војници и 12 цивли се ранети.
Бомбашките напади во Тајланд претходно ги извршуваа муслиманските бунтовници, кои се борат за независност во земјата, која е населена претежно со будисти. Според извор од разузнавањето, кој посакал анонимност, најновите напади се одмазда за неодамнешната смрт на познат бунтовник, кој бил ликвидиран од властите.