Седуммина загинати при уривање на мал патнички авион во Колумбија

Од:

Сите шест патници и пилотот загинаа при уривање на мал патнички авион во северниот дел на Колимбија, објавија локалните медиуми.

Пилотот непосредно пред падот ја известил контролата на летање за механички дефект.

Авионот од типот „Цесна“, на малиот регионален авиопревозник „Алас“ исчезнал од радарите на летот од Букараманга кон Малага, во провинцијата Сантандер.

Пилотот се обидел да се врати кон Букараманга, околу 245 километри североисточно од Богота и да атерира откако ја известил контролата на летање за механичкиот дефект. Авионот набрзо се урнал.

Би можело да ве интересира

Петро: Кокаинот е нелегален само затоа што доаѓа од Латинска Америка

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

10 лица загинаа во авионска несреќа во Колумбија

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он