Најмалку седум лица се убиени рано изутринава при напад врз едно казино во познатото кениско летувалиште на Индискиот Океан, Малинди.
Како што соопшти локалната полиција нападот врз казиното го изврпиле стотина припадници на сепаратистичкото движење Совет на Република Момбаса. Според полцијата, сепаратистичките борци се обиделе да упаднат во казиното, но биле спречени во нивната намера.
Меѓу загинатите има шестмина бунтовници и еден полицаец. Полицијата информира дека успеала да приведе четворица напаѓачи.
Во Малинди, кој се наоѓа на стотина километри североисточно од вториот по големина кениски град Момбаса, се изградени неколку популарни туристички комплекси. Туризмот е еден од најважните сектори на кениската економија.
Движењето Совет на Република Момбаса се бори за создавање на незавсина држава во јужниот дел на Кенија.