Седуммина ранети при напад врз странски туристи во Авганистан

Од:

Најмалку седум лица, шестмина странци и нивниот возач Авганистанец, се ранети денеска при напад од заседа врз конвој возила со странски туристи во провинцијата Херат во западен Авганистан. 

Претставник на локалните власти во Херат соопшти дека меѓу странските туристи кои биле цел на нападот имало осуммина Британци, тројца Американци и еден Германец.

Претходно, западни медиуми јавија дека при нападот биле убиени најмалку десет странски туристи, а петмина биле ранети, но претсавникот на властите во Херат, ги негираше ваквите информации, нагласувајќи дека сите жртви минале со полесни повреди.

Нападот се случил меѓу историските градови Банијан и Херат, кога пред првото возило во конвојот експлодирала минофрлачка граната.

Досега никој не презеде одговорност за нападот, но според армискиот портпарол Наџибулах Наџиби, тој најверојатно е дело на талибанските бунтовници.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан