Најмалку седум лица се повредени денеска при судир меѓу патничкиот воз со 350 патници и еден камион на премин на железничка пруга во Нанжис, на 50-тина километри од Париз, јави дописникот на МИА од францускиот главен град.
Претставник на префектурата Сена и Марна соопшти дека еден од повредените, најверојатно машиновозачот, се здобил со потешки повреди.
Судирот се случил во 8:40 часот, при што пет вагони на меѓуградскиот воз што сообраќал на линијата Белфорт-Париз, излетале од шините, но не се превртиле.
Набрзо по несреќата, патниците од возот со автобуси се префрлени до нивните крајни дестинации.
Причините за несреќата се уште не се познати.