Седуммина француски џихадисти се осудени на смрт во последните четири дена во Багдад.
Јасин Саккам , кој рече дека “учествувал во борбите” во Сирија и се заколнал на “калифат”, во средата беше осуден на смрт, заедно со Мохамед Берири од Тунис.
Саккам и Берири, како и другите шест Французи кои беа осудени на смрт во кривичниот суд во Ал-Карк во Багдад, мирно ја прифатија пресудата, објави новинар од АФП.
Од 2018 година, ирачките судови осудија повеќе од 500 странци, но ниту еден од затворениците се уште не е егзекутиран.
Франција се противи на смртната казна во сите случаи. Организациите за човекови права често ги критикуваат судењата за случаи на тероризам во Ирак.