Седум илјади лица потпишаа петиција со барање за отстранување на европратеник поради сексистичка изјава

Од:

Седум илјади лица потпишаа меѓународна петиција со повик кон Европскиот парламент да санкционира полски европратеник, кој изјави дека жените „треба да заработуваат помалку од мажите, бидејќи се послаби, физички се поситни и се помалку интелигентни“.

Јануш Корвин Мике освен тоа упати нацистички поздрав во салата на европската институција.

Светското движење за заштита а граѓанските права „Аваз“ ја покрена на Интернет оваа иницијатива против европратеникот од крајната десница.

– Сакаме ЕП да го отстрани Корвин Мике по зборовите со омраза, кои ги изрече на адреса на жените и мигрантите и откако направи нацистички поздрав во салата во средата, на Меѓународниот ден на жената, се вели во петицијата.

– Тие активности се нарушување на правилата на Европскиот парламент и се во расчекор со вредностите на ЕУ, се додава во текстот.

Седумдесет и четири годишниот Корвин Мике бил санкциониран во минатото од ЕП поради расистички коментари и изјави за Холокаустот.

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

А1он

ЕП ја разреши потпретседателката Каили

А1он

Европскиот парламент почна процедура за смена на Каили која е уапсена поради корупција

Ана Ололовска

ЕП и ЕУ усвоија „Механизам за прилагодување на границите на јаглеродот“

Ана Ололовска