Седница на СБ на ОН за воведување хуманитарна пауза во Јемен

Од:

Советот за безбедност на ОН денеска ќе одржи седница зад затворени врати за ситуацијата во Јемен. Средбата е на барање на Русија со цел да се разгледа хуманитарна пауза во воздушните напади во земјата предводени од Саудиска Арабија.

Состанокот на СБ на ОН ќе се одржи во пет часот попладне.

Саудиска Арабија на 26 март започна напади на коалициони сили против бунтовниците шиитски Хути во Јемен.

Над 500 лица, од кои 90 деца, загинаа, а околу 1.700 се повредени во текот на последните две недели во судири во Јемен, соопшти вчера заменикот генерален секретар на ОН за хуманитарни прашања Валери Амос.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ