Се зголемува бројот на жртви во Либан, повеќе од 200 луѓе се критични: Хезболах најави одмазда

Од:

Бројот на жртвите во серијата пејџер експлозии што ги користеа членовите на Хезболах во Либан се искачи на девет, а меѓу нив е и син на либански пратеник.

Се стравува дека тоа не е конечната бројка, имајќи предвид дека повеќе од 200 повредени се во критична состојба, соопшти Министерството за здравство на Либан, пренесе Би-Би-Си.

Речиси 3.000 луѓе се повредени во експлозиите, објави Ројтерс.

Хезболах го обвини Израел за експлозиите, велејќи дека тоа е „грешна агресија“ и најави дека ќе следи „праведен одговор“. Израел не се огласи и никој од официјалните лица не ги коментираше настаните од попладнево во јужен Либан.

Би можело да ве интересира

Хезболах: Израел мора целосно да се повлече од Либан до 18 февруари

Израелската армија утре се повлекува од Либан

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Хезболах ги отфрли причините за продолжување на рокот за повлекување на израелските војници

Претставник на Хезболах е убиен во источен Либан

Израел ќе ослободи 1.000 затвореници